• DSC_8169.JPG
  • DSC_8189.JPG
  • DSC_8226.JPG
  • fghjg.jpg
  • muzej.jpg
  • panorama-slide.jpg
Print

Историјат

Muzej

Музејот во Штип е отворен со одлука на Народниот одбор на градот Штип на 10.5.1950 година. Првата поставка на Музејот е поставена во Хуса – Медин пашината џамија и имала етнолошки карактер. На 11.10.1956 година Музејот е преместен во ново-адаптирана зграда од староградска архитектура, позната како куќата на Арсови (браката Тошо и Љупчо, народни херои).

Во 1964 година беше отворена постојана изложбена поставка на современо македонско сликарство во уметничката галерија Безистен, која претставува дел од Музејот. Во 1972 година, на иницијатива на Коста Балабанов, во црквата од 19 век - Устание на пресвета Богородица во Ново Село е отворена постојана поставка на икони.

Во 1978 година зградата на Музејот се реновираше, па музејските простории беа пренесени заедно со целовкупниот персонал и документација во просториите на стариот Здавствен дом. Во 1979 година Музејот се здобива со статус на Завод за аштита на спомениците на културата и народен музеј, за разлика од претходно кога беше само Народен музеј на Штипскиот крај. Во 1985 година повторно е вратен Музејот во куќата на Арсови, која била напуштена во 1978 година заради реновирање. Во овие простории музејот работи непрекинато до денес.

Во 1980 година направен е проект за проширување на Музејот со уште една зграда, при што е искористена куќата на Аневи – Гочеви, каде сега се наога археолошката поставка. Мегу куќата на Арсови и куќата на Аневи – Гочеви, уште тогаш е планирана административна зграда, во која ке биде сместен административниот дел. Овој проект е завшен во 2004 година. Денес музејскиот комплекс се состои од три згради од кои едната е административна, а другите две се предвидени како поставки.