• DSC_8169.JPG
  • DSC_8189.JPG
  • DSC_8226.JPG
  • fghjg.jpg
  • muzej.jpg
  • panorama-slide.jpg
Print

Исар

Bargala

Средновековната тврдина “Исар “се наоѓа во заpaдниот дел од градот и се издига на врвот од карпестиот рид “Исар” висок 150 метри. Тврдината од западната страна опкружена е со стрмна падина на коритото на реката Брегалница а на јужната страна со коритото на реката Отиња. Положбата на височината овозможува прегледност и контрола на влезот и излезот од градот. На нерамно плато на самиот врв од ридот се протега тврдината во правец север-југ во должина од 350 метри , оградена со бедеми, на места добро сочувани во висина од 12 до 19 метри. Според досегашните истражувања се претпоставува дека тврдината била подигната во раниот среден век, заради одбрамбени и стратегиски потреби на градот што лежел во нејзиното подножје. Денешните остатоци од ѕидините на тврдината се од XIV век.

Штип под денешното име се наоѓал во границите на Самоиловата држава, на почетокот од XIII век под Бугарска власт, а потоа под управа на Српскиот владетел Срефан Дечански.Турците според некои извори го заземаат во 1382 година а по други во 1395 година. Осмалиската власт власт и по освојувањето на Штип, на твртидната поставила војска и стража, се до појавата на огненото оружје, кога била напуштена, како и повеќето тврдини во Македонија.

 

Денешните остатоци од бедемите се датираат од XIV век, со целосна површина на ѕидовите од 16.600 метри, на места широк до 2,70m.со акрополен дел на самиот врв во кој се влегува преку влез меѓу главната кула од “Донжон”, вековен симбол на градот, сочувана, со височина од 12,50 метри и помошната одбрамбена кула од десната страна. Покрај овие одбрамбени кули акрополот имал уште четири кои се распоредени околу, од кои само една е сочувана од западната страна во темелните партии,вовлечена во внатрешноста на западниот ѕид. Целиот Акрополен всушност е мала тврдина-феудален дворец.Во Акрополниот дел за потребите за вода на жителите, тврдината имала и две цистерни, ѕидани од камен и малтер, премачкани со хидростатичен малтер, добро сочувани во поголемиот дел. Од под акрополниот дел ,na тврдината, има сочувано делови од три одбрамбени кули околу , како и на места сочувани партии од ѕидовитe и темелите, речиси околу целиот "Исар" Во XIVвек околу Исарот биле изградени четири цркви, кои го формираат замислениот крст и тоа црквите: од источната страна Св.Архангел Михаил(Фитијата), од западната страна Св.Јован, од северната страна Св.Никола(Поп Сифиевата) и од јужната страна црквата Св.Власие. Како и секоја тврдина така и “Исарот” имал таен влез кој се наоѓа на подножието на ридот покрај реката Брегалница, преку кој во тврдината се снабдувала со вода и други намирници, за време на опсадите."Тунелот" или влезот e сочуван во должина од 12-14m. со клесани во карпа скали (со две одмаралишта), поо целата сочувана должина.  Постои легенда за овој тунел во која се вели дека :По неколку неуспешни обиди да се заземе тврдината од страна на Турците, еден ден турските војници одмарајќи покрај реката Брегалница од спротиванта страна на “Исарот”, виделе како од еден отвор од ридот почнале да излегуваат шатки а потоа и војници. Кога го виделе ова Турците ги заробиле војниците и искачувајќи се преку тунелот до врвот на тврдината со изненаден напад ја освоиле. Црквата Св.Власие најмногу страдала при нападите на Османлиите и била срушена скоро до темел бидејќи се наоѓала зарамнето плато во подножието на “Исарот” од најблагата падина. Околу црквата имало ограден ѕид со влез со пиластри од северо-источната страна и некропола на југоисток околу црквата во рамките на ѕидините. Од археолошките наоди пронајдени на "Исарот", околу него и кај црквата св.Власие  можеме да видиме дека скоро во континуитет имало активност и организирано живеење од праисторијата, антиката до средниот век па и до ден денешен. Нашиот краток приказ е дел од историските и археолошките податоци за средновековниот Штип до Османлиското освојување.

 

Линк до галеријата на Исар