• DSC_8169.JPG
  • DSC_8189.JPG
  • DSC_8226.JPG
  • fghjg.jpg
  • muzej.jpg
  • panorama-slide.jpg
Print

Подружница - Музеј на ВМРО за Штип и штипско 1893-1934 год.

Музејот на ВМРО за Штип и Штипско (1893-1934г) се наоѓа во штипско Ново Село во месноста Кај јаворот, во близина на мостот на реката Брегалница и Л‘џите. Музејот е сместен во куќа од староградска архитектура,  која беше во сопственост на старото-новоселско семејство Андонови Официјално Музејот е отворен на  20 декември 2014 година. Музејот поседува изложбен простор од 160 метри квадратни,  седум засебни простории во кои се сместени 11 восочни фигури на истакнати дејци на организацијата, вредни експонати, фотографии, автентични документи, лични предмети и   оружје кое им припаѓало на најзначајните личности кои потекнуваат или дејствувале во Штип и штипскo. Во музејот се сретнуваат и етнолошки предмети кои сведочат за социјалниот живот на луѓето од крајот на XIX век. Овој музеј  е посветен на македонската револуционерна организација и борбата на македонскиот народ за Македонија.