• DSC_8169.JPG
  • DSC_8189.JPG
  • DSC_8226.JPG
  • fghjg.jpg
  • muzej.jpg
  • panorama-slide.jpg
Print

Етнолошка Поставка

Првото Формирање на музејот како установа датира од далечната 1950 година. Нешто подоцна истата година е отворена и првата музејска поставка во Хуса - Медин пашината џамија или кај луѓето позната и како "Св. Илија." Поставката сочинувала изложени етнолошки, историски и археолошки предмети. шест години подоцна музејот се пренесува во зграда од староградска архитектура, во центарот на градот во која се наоѓа и денес. Во наредните години работата е насочена кон истражување и собирање на музејски материјали и нивна стручна обработка. Музејските предмети од областа на етнологија воглавно се набавени со откупување и подароци, а ваквиот начин на собирање и денес се применува. Работата на етнолошката дејност е поврзана со едукација и популаризација на етнолошкото богатсво, главно со учениците од основните и средните училишта во градот. Се одржуваат работилници во кои се презентираат разни обичаи како и начин на изработка на везени и ткаени мотиви. По долг временски период се пристапи кон средување и чистење на текстилните предмети со што всушност започна со работа и конзерваторското одделение за текстил, а со тоа се овозможи отворање на постојана етнолошка поставка во Штип. Изложените предмети се конципирани така да ни дадат слика за начинот на облекување во Штип и околината од крајот на XIX век и почетокот на XX век, но и начинот на облекување на луѓето кои се доселувале од селските средини. Започнато е со облека која се носела кон крајот на XIX век и која била под влијание на ориенталната мода Ала - Турка со извонредна богата везбена декорација од срма. Во почетокот на XX век се чувствува влијанието на европската мода Ала - Франга каде што доминираат полесните материјали како свила, сатен, памук и др. Облеката кај населението што се доселувало во Штип од селските средини се главно од источниот дел на Македонија. Централно место на изложбата зема Овчеполската машка, женска и детска празнична облека која е карактеристична во овој крај. Претставени се и женска носија од Средорек,Славиште,Пијанец и Радовишко поле -Лакавица. Во овој дел на носии од доселениците во градот застапени се влашките носии на Карагуните и Саракачаните, како и женската носија на Јуруците од Плачковичкиот крај. Секако, освен облековните елементи во поставката се изложени слики со носии, дрвени предмети користени за изработување и чување на облеката, но и разни метални предмети користени во домакинството а изработени од вештите раце на штипските мајстори- занаетчии.

Етнолошката поставка е реконцепирана и повторно отворена на 10.10.2017 година.