• DSC_8169.JPG
  • DSC_8189.JPG
  • DSC_8226.JPG
  • fghjg.jpg
  • muzej.jpg
  • panorama-slide.jpg
Print

Спомен куќа на народниот херој Славчо Стојменски

Славчо Коце Стојменски

Роден на 25. 10. 1921 година во Штип. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Завршува гимназија во Штип, а потоа се запишува на Медицинскиот факултет во Белград. Во работничкото и синдикалното движење активно се вклучува уште од пред војната.

Веднаш по окупацијата, активно работи на организирање на средношколската младина. Заедно со Ванчо Прке, се пројавува како еден од најистакнатите раководители на НОД и е  еден од непосредните учесници за организирање на партизанските одреди во овој крај.

Како член на Обласниот комитет, пролетта 1943 година е испратен на плачковичкиот терен заради организирање на база за исфрлање на одредот "Гоце Делчев". По разбивањето на одредот, Стојменски се наоѓа во Штип, каде продолжува со работа на организирање на партизански одреди, наспроти репресалиите на бугарската полиција. Полицијата дознава за состанокот на Обласниот комитет што се одржувал на 17 август 1943 година, во куќата на Олага Арсова. Наскоро настанала престрелка во која Славчо е ранет, а подоцна истиот ден им подлегнува на повредите.

За народен херој е прогласен на 11 октомври 1953 година.

Спомен куќата на народниот херој Славчо Стојменски е отворена на 08.11.1981 година. Истата беше реконцепирана и дополнета со нови материјали, фотографии и документи во месец јули 2017 година.