По повод ретроспективната изложба од регионален карактер „Вечито: Сто години од раѓањето на Богдан Богдановиќ“ во Безистен, оваа недела се спроведуваат музејско-едукативни активности за деца и млади од Штип. Со цел да се подигне свеста кај помладата генерација за важноста и вредноста на споменикот на Богдановиќ посветен на паднатите жртви од НОБ под тврдината Исар, ученици од основни и средни училишта, деца од градинка и млади со развојни попречености се вклучени во дискусија за споменикот и придружните креативно-мануелни дела.
Изложбата ја спроведува Центарот за валоризација и истражување на архитектонското наследство „ВАМ“ од Белград, а едукативни активности спроведува музејскиот педагог на Уметничката галерија на Босна и Херцеговина.