Колективот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип му го честита роденденот и заминувањето на нашиот долгогодишен колега и поранешен директор, господин Зоран Читкушев.
Најсреќен роденден Зоки и среќно нека ти е заминувањето во пензија. Ти посакуваме пензионерските денови да ги поминеш во здравје, мир и весели мигови со семејството.
Пензијата да си ја земаш барем онолку години колку што земаше плата.
Иако те испраќаме на заслужен одмор, сакаме да знаеш дека нашиот колектив засекогаш ќе те памети како човек со големо срце, добар колега и некој кој со години успешно ја градеше приказната на нашата институција.
Сепак, ќе те замолиме и ти нас да не не заборавиш, понекогаш да дојдеш да не посетиш и заедно да се присетиме на старите добри денови.
Се надеваме дека те испраќаме со добри спомени кои засекогаш ќе останат врежани во твоите сеќавања.
Со голема почит и искрени желби,
НУ Завод и Музеј – Штип


