Индувидуален станбен објект од староградска архитектура. Објектот е составен од подрум, приземје и кат. На приземјето се наоѓа дуќан. Во дворот се влегува преку дрвена порта поставена на висок камен ограден ѕид. Надворешната пластика е збогатена со испуштање на еркери потфатени со дрвени конзоли. Во 1994 дел од куќата поради дотраеност се урна, по што сопственикот извршил целосна реконструкција придржувајќи се на Проектот за реконструкција, па така новиот објект ги содржи сите елементи на стариот објект. Вистински пример за целосна реконструкција на објект од староградската архитектура.




