Индувидуален станбен објект од староградска архитектура.

Овој објект спаѓа во најрепрезентативните објекти во градителската целина Ново Село. Има богата архитектонска пластика изразена преку волумени и просторите на тремот и отворениот чардак. Во приземјето имало дуќан. Објектот е сочуван во својот изворен изглед и е автентичен. За истиот постои Проект за неговата целосна реконструкција, според кој е изведен нов објект со современ, но со изворен изглед. Објектот претставува одличен пример како стар објект може да се реконструира и да се приспособи за современиот начин на живот.