Индувидуален станбен објект од староградска архитектура.
Објектот е приземје и два ката. Решен е со симетричен распоред на прозорците на двата ката, со тоа што на вториот кат има мала конзолно исфрлена тераса со ограда од ковано железо. Приземјето до скоро се користело за стопанска дејност на семејството. Приземјето е ѕидано со камен, а катовите во бондручен систем на градба. Објектот е изворно сочуван и во него се живее. Ги има сите детали кои би дале можност за изработка проект за конзервација во иднина. Овој објект со околните на истата улица претставува еден интересен ансамбл на стари куќи кои функционираат.




