Индувидуален станбен објект од староградска архитектура.

Објектот е приземје и два ката со импозантни димензии и со сите сочувани елементи на градби од периодот кога е настанат. Карактеристично е тоа што од улицата преку дрвена порта поставена на висок ограден камен ѕид се влегува во преден двор.  Приземјето е од камен со централно поставена дрвена влезна врата. Катовите се во бондручен систем. Предната фасада плени со убавина, со ритмика во поставеноста на прозорите, со централно поставен балкон со ограда од ковано железо. На фасадата стои годината на градба 1825