Објектот е на приземје и кат со високи таваници карактеристични за административните објекти лоцирани во централното градско подрачје. Градбата е од класичен тип и за време кога била градена спаѓала во поголемите градби и се истакнувала од другите во околината. Строгата класична фасада кон улицата на приземјето е со големи скали кои водат во влез со широки врати. На катот има големи прозори врамени со профилирани рамки кој се дели од фасадата. Зградата е врзана во низа со куќи од ист стил на градба и претставува една амбиентална целина.