Црквата Св. Архангел Главатов во основа претставува мала еднокорабна градба со правоаголна основа и полукружна апсида. На истата е доѕидан нов дел. Нема фрескоживопис, а поседува икони од 19 век. Датира од 14 век.