ОФИЦИЈАЛЕН НАЗИВ: Училиште во кое учителствувал Гоце Делчев во Ново Село, 1894-1896 година на ул.,,Димитар Влахов,, бб, Штип
Училиштето е лоцирано во дворот на црквата Св. Богородица. Од старото училиште во кое учителствувал Гоце Делчев останало само приземје и два ката, бидејќи објектот страдал од пожар 1942 година, и потоа бил обновен. Накнадни интервенции биле 1947, кога на обејктот е дограден уште еден кат и од тогаш ја добива денешната физиономија со приземје и два ката. На јужната страна од објектот е поставено спомен обележје во чест на дејноста на револуционерот.
Извршена е реконструкција на објектот по проект од страна на УГД врз основа на кој е донесено конзерваторско одобрение и во тек на 2010 -2013 е реализиран и сега е Ректорат на УГД.




