Објектот е граден при крајот на 19 век, од фамилија Тошанови.

Служел како магацин за колонијална стока. Градбата е приземна, во основа со квадратна форма, била со вградено поткровје со дрвена меѓукатна конструкција со внатрешна комуникација. Ѕидовите со дебелина од 80см се масивно градени од кршен камен зелен  пешчарен камен со кал. Ќошињата се изведени со обработени  камени блокови. Порталот на главниот влез е лак изведен од големи камени блокови од ист зелен камен. Лево и десно од порталот има по еден прозорец со оквир од обработен зелен камен. Во поткровјето има мали прозорчиња. Стреата е изведена од триреден венец од зелен камен. Кровот е на три води.

Надворешниот изглед на предната, северната фасада не е променет, но влезната масивна дрвена врата е заменета со алуминиумска.

Внатрешниот ентериер има претрпено промени извршени од страна на сопственикот на објектот, дрвената меѓукатна е заменета со бетонска.

Единствен сочуван објект од ваков вид во градот Штип, како и еден од ретките сочувани на просторот на источна Македонија,  зачуваната автентичност во голем дел, усогласена адаптација на потребите на одредена општествено-економска структура во одреден временски период.