Кулата е лоцирана во центарот на градот во почетокот на т.н. Горно Маало, во Штип.
Првобитно објектот служел за живеење и одбрана како беговска кула, за да во втората половина на 19 век кулата со висока доградба е пренаменета во саат кула. Има квадратна форма со надворешни димензии 6,30 х 6,30м со дебелина на ѕидовите 1,50 м во подрумскиот дел на ниво 1, со постепено намалување на дебелината на секој кат, така да на последното ниво 4 каде дебелината изнесува 1,00м.
Првобитно култа имала подрум и три ката, одделени со дрвена меѓукатна конструкција. Према начинот на градба на ваков вид на објекти, најверојатно кулата била покриена со дрвена кровна конструкциј, покриена со камени плочи, бидејќи со најновите истражувања не се констатирани остатоци од трстаст свод, кој е забележан кај други кули градени на овие простори.
Објектот е граден со приделкан и кршен камен пешчар, додека ќошињата на кулата се изведени од обработен камен.
Вертикалната комуникација, која е од покасно време (1934 год) е решена со двокрако дрвено степениште, со поставени газишта на гредни тетиви. Ѕидовите во внатрешниот дел се ѕидани од необработен камен зацврстени со хоризонтални дрвени греди, додека аглите на нишите и прозорците се работени во обработен камен. Во ѕидовите на сите нивоа, освен подрумското, се наоѓаат ниши и пушкарници, а на ниво 3 и ниво 4 се изградени апсидални огништа.
Во последниот хоризонт на северната, јужната и западната страна се наоѓаат заѕидани прозорски отвори, кои се оцртураат од надворешната страна. Над отворите се гледаат оригинални лачни надпрозорници градени од тула во стар формат.
Над висина од +11,10м над ниво 4а, во 1934 година била срушена старата дрвена конструкција за саат кула и била изградена нова која постои и денес.




