Објектот е градба од типот на староградска архитектура граден кон крајот на 19 век.. истиот е со приземје и кат. Конструкцијата на катот е бондручна со дрвена меѓикатна конструкција, а во приземјето камена со бела варосана фасада. Прозорците се дрвени, единечни и троделни. Предметното добро претставува значајно историско сведоштво за животот и работата на народниот херој Славчо Стојменски и сведоштво за организацијата на илегалната работа на младинската организација против фашизмот со која раководел Славчо Стојменски. Објектот не поседува значајни архитектонски својства, но претставува пример на градска куќа на посиромашни семејства.



