Цркватa е изградена пред 1332 година под тврдината Исар, а е посветена на Св. Архангел Михаил, како еден од главните заштитници на градот.

Црквата е градена е од сивозелен камен пешчар и тули, со складни архитектонски форми и живописни фасади. Во основа е крстообразна градба со полигонална апсида со димензии 13,30 х 8,40 м со една купола и припрата, доградена подоцна, која во почетокот на ХХ била срушена.

Носивата конструкција се состои од два подолжни и два попречни ѕида со дебелина од 120 см и четири столба кои ја носат куполата.

Во црквата нема сочуван живопис, а се претпоставува дека бил уништен за време на владеењето на Турците кога истата била претворена во џамија. За тоа турскиот патеписец Евлија Челебија кој престојувал во Штип 1661 година пишувајќи за џамиите, назначува дека феткијата, фитијата, џамија која се наоѓала под тврдината Исар, за време на освојувањето била црква, која Али бег ја претворил во џамија.

Составни делови на доброто:

Во црквата се наоѓаат четири престолни икони регистрирани од републичкиот завод за заштита на спомениците на културата (според записникот бр. 0801-27 од 3.06.1985 година,Штип) и тоа:

-Св. Богородица  СК-18377

-Исус Христос   СК-18380

-Св. Архангел Михаил   СК-18383

-Св. Јован Крстител  СК-18387

Камбанарија во дворното место.