Црквата е поставена на ридесто место, односно на десната страна од реката Отиња, на јужната страна под тврдината Исар. Изградена е со ктиторство на властелинот Иванко Јован Пробиштиовиќ во 1350 година, во време кога сопственик на земјиштето бил деспот Оливер. Црквата била еднокорабна и фрескоживописана, но денес се видливи само остатоци од дел фрагменти. Тоа е дел од фреската на Цар Константин со Царица Елена што се наоѓаат до вратата на јужниот ѕид од црквата. Друг фрагмент има на северниот ѕид. Веројатно со доаѓање на турците долго време е напуштена и не била во функција.




