Спомен куќа на народниот херој Славчо Стојменски
За прв пат спомен куќата е отворена на 8 ноември 1981 год, по повод 37 години од ослободувањето на градот Штип. Самата куќа содржи битов дел во кој е претставен секојдневниот живот на фамилијата Стојменски.
На долниот кат во двете простории се изложени алати и други предмети кои ги користел неговиот татко кој бил самарџија , а на горниот кат има исто така предмети кои ги користеле во секојдневниот живот. На горниот кат во една од просториите се наоѓа историска поставка со фотографии и лични предмети на народниот херој. Реконципирање на спомен куќата е извршено во 2017 година и е надополнета со 8 паноа со фотографии од детството, младоста, гимназиските денови, неговата активност во НОБ, се до неговото убиство во 1943 година.





