Штипјани биле активно вклучени во НОБ. За време на Втората светска војна во отпор против фашизмот се вклучиле над 2000 борци од Штип, од кои 814 ги загубиле своите животи (88 во директен судир со непријателот). Во нивна чест во 1974 година од страна на Собранието на Општина Штип, на источната страна на Исарот е подигнат Меморијален споменик на паднатите борци во НОБ, дело на архитектот Богдан Богдановиќ.





