Уметничка галерија „Безистен“

Безистенот се наоѓа на десниот брег на реката Отиња, во централниот дел на градот. Изграден е пред 1662 година и служел како главна чаршија за продавање на луксузни и скапоцени стоки (подоцна е променета неговата намена).

Безистенот претставува значаен споменик на културата. Поради неговото историско значење и можноста што ја дава просторот, во 1962 година Безистенот е преконструиран и пренаменет во Постојана уметничка галерија на современата македонска уметност и истиот е ставен под надлежност на НУ Завод и Музеј – Штип. Во Безистенот се изложувани дела на многу македонски и меѓународни сликари и скулптори, со разни видови на ликовни изразувања, а се одржуваат и многу други културни настани, како концерти, саеми и слично.