Црквата „Покров на Пресвета Богородица“ е нова црква, изградена во 2015 година на местото на стара средновековна манастирска црква која го носела истото име. Црквата е осветена на 10 мај 2015 година. Низ годините наназад била женски манастир, па затоа е уште позната и под името Бабите.