Црквата Св. Троица е изградена во периодот од 1922-1925 година со ктиторство на Тодор Михаил Чепреганов, трговец од Штип. Црквата во основа е решена во бид на рамнокрак крст кој е изразен на кровот, со полукружна купола прифатена на столбови. Тамбурот на куполата од надворешната страна е осмостран со по еден прозорец на секоја страна. Од западната страна има мал прилазен отворен трем со степеници и припрата со купола во чиј тамбур е сместена камбанаријата. Од надвор црквата е малтерисана и бело обоена, со имитација на квадрати. Црквата е ставена под заштита поради нејзината архитектонска вредност.