Ќучук Емир Султановиот -4-832-073/040 РНД – мост е познат и како Камен мост, претставува камен мост кој ја премостува река брегалница кај Штип. Мостот се наоѓа на самиот влез во градот и според податоците тој бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура во Штип. Мост е со шест окна. Првобитно окната имале дрвена конструкција, а покасно обновена со камена конструкција. За време на Првата балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија која градот го делела на српски и бугарски дел. Населбите од левата страна на реката Брегалница биле под бугарска власт ддека од десната страна подпанале под српска власт. Мостот има големо историско – архитектонско значење.

