Црквата „Св. Димитрија Солунски“ се наоѓа на влезот во градот Штип од кај Радовиш, на самиот влез во Ново Село од десната страна.

На нејзино место, пред да започне нејзината конструкција, се наоѓаше познатиот парк Јавор, симболот на Ново Село и култното место на кое луѓето од Ново Село се собираа со години.

Ова место беше срушено и на 1 август 2012 година започнува изградбата на црквата „Св. Димитрија Солунски“. Црквата е посветена на познатиот македонски светец од IV век, а истата е осветена на 3 ноември 2024 година од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Црквата е богата со фрески и голем број на икони од светецот и други светци.

Жалејќи за својот симбол, паркот Јавор, жителите на Ново Село направија мал парк наспротив Музејот на ВМРО, кој го носи истото име, Јавор.