НУ Завод и Музеј Штип

НУ Завод и Музеј Штип е формирана во 1950 година како градска институција, за да во 1955 година прерасне во Музеј на штипскиот крај. Институцијата главно се занимава со активности како:
- истражувачки работи и набавка на музејски материјал;
- стручно – музеолошка обработка;
- заштита на материјалот и културно – историските споменици;
- културно – образовна и воспитна дејност;
- одржување на Галериите на икони во црквата „Свети Никола“ и црквата „Успение на Пресвета Богородица“;
- истражувања и делумна реконструкција на археолошките локалитети Баргала и Исар;
- археолошки ископувања.
Заводот и Музеј на град Штип денес располага со историска поставка со над 1000 експонати од I до XX век, археолошка поставка со над 1200 експонати од времето на неолитот па се до средновековниот период и етнолошка поставка. Во склоп на музејот работи и Музеј на ВМРО за Штип и штипско (1893 - 1934) во Ново Село, како и Уметничката галерија Безистен, а отворена е и спомен куќа на народниот херој Славчо Стојменски.

Повеќе информаци

НУ Завод и Музеј Штип

ул. Кеј Маршал Тито бр. 2 Штип

+389 32 392 044

info@zavodimuzejstip.mk

Пон - Саб: 9:00 - 18:00

Корисни линкови

Следете не

 

logobelo

Copyright © 2018. Сите права се заштитени. Designed by Elkom Group | www.elco.eu.mk